БИЛ ГЕЈТС НАЈАВУВА СВЕТСКА КАТАСТРОФА: За една година ќе бидат убиени 30 милиони луѓе !

bil-gejts-foto-profimedia-1437757144-707365

Меѓународната заедница треба да сфати дека што побрзо треба да се подготви за можна светска епидемија, рече вчера Бил Гејтс, основачот на Мајкрософт, на безбедносната конференција во Минхен.

Наведуваќи ја како пример епидемијата на ебола во западна Африка 2014-2015, шанскиот грип 1918 година или можноста за правење на вирус за “терористички цели”, Гејтс оцени дека е многу веројатно да се случи катастрофа на светско ниво.

“Било да се појави во природата или во рацете на терористи, епидемиолозите велат дека патогената супстанца која се пренесува во воздухот и брзо се шири, може да усмрти 30 милиони луѓе за помалку од година дена”, изјави Гејтс на годишниот собир.

“Доста е веројатно дека светот ќе доживее таква епидемија за 10 до 15 години. Затоа себе си се доведуваме во опасност ако ги игнорираме вските меѓу санитарната безбедност и меѓународната безбедност”, вели најбогатиот човек на светот.

Ф.Г.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.