Околу 1.500 вљубеници во зимските спортови со оскудни комбинации се собраа на рускиот регион на Кемерово каде уживаа во сноубординг.
На познатиот ски-центар Шереге сместен во срцето на Сибир учесниците од Русија, САД, Кина, Италија, Германија и Франција поставија нови рекорди на Грелк Фестот.
– Овогодишното бикини возење собра 1.498 скијачи и сноубордери, што е 387 повеќе отколку во 2014 година, рече Станислав Коненко, главен уреденик на руската книга на рекорди.
Мис Шерегеш е 21-годишна студентка од Новосибирск која ја освои наградата во износ од 10.000 долари. Најстар учесник беше 73-годишниот Едуард Нефедев.
Стотици луѓе беа собрани за да ги гледаат и поздрават учесниците.