Бизнисмен од мал на татко му: Синот на Зоран Заев стана сопственик на фирма за електрична енергија

Душко Заев, синот на поранешниот премиер Зоран Заев, запливува во водите на бизнисот, откако како сопственик основаше претпријатие за производство на електрична енергија – oбјави порталот “ФАКТОР”

Синот на Заев е 18-годишен тинејџер, а компанијата која ќе ја раководи го носи името Тотал Енерџи со седиште во Струмица.

Колку што е познато, фамилијата Заеви поседува бизниси во повеќе дејности, но ова е прв пат да бидат поврзани со производство на електрична енергија.

Префиксот „Тотал“ го носат уште две компании во кои стонастотен сопственик е Вице Заев, братот на поранешниот премиер, а тоа се Тотал инженеринг и Тотал електрик. Најпозната компанија на Заеви е Тргопродукт и фирмата-ќерка Мамас.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.