На десеттата по ред “Гробијада” во Пожаревац, Србија, годинава учествувале 250 претставници на погребални претпријатија од целиот регион. Оние кои секоја година го посетуваат овој бизарен собир, велат дека е „нешто невидено, нешто што само Дрнда може да го органзира“.
Дрнда е Радиша Михајловиќ, еден од најпознатите погребални стопанственици на Балканот, организатор на Гробијадата.
-Ја засакав оваа работа, иако никогаш не сум помислувал дека ќе бидам гробар. По занает сум машинбравар, како Тито, можеби и затоа успеав, вели Михајловиќ.
Гостите на Гробијадата можеле да уживаат во мени составено по угледот на култниот филм „Маратонците го трчаат почесниот круг“, па меѓу другото, на трпезата имало и Пантелино прасечко.
Михајловиќ оваа година слави 25 години од својата работа, но и заминување во пензија.
ФОТО: Владимир Живоиновиќ