На 20.02.2019 година полициски службеници во Секторот за внатрешни работи Битола извршиле контрола за брзина, зимска опрема, управување без возачка дозвола, нерегистрирани возила, непочитување првенство, исправност на возилата, товарни возила, појас, светло и алкохол, при што биле контролирани 463 возачи и возила – информираат од МВР.
При контролата, констатирано е дека 20 возачи го управувале возилото со поголема брзина од дозволената, девет возачи управувале без возачка дозвола, кај двајца возачи е откриено присуство на алкохол и истите се исклучени од сообраќај.
Пет возачи користеле мобилен телефон при управување на возилото, а еден не користел сигурносен појас.
Нерегистрирани биле четири возила, а додека три други технички неисправни. Седум возачи се писмено опоменати, а на 33 возачи изготвени им се мандатни платни налози и ќе се соочат со соодветни глоби, а исто така, изготвени се и 35 прекршочни налози.
Исто така, при контролата откриени се и други 14 видови останати прекршоци.