Продолжуваат протестите “За заедничка Македонија” во Прилеп. Градот херој и вечерва ќе го крени гласот против прифаќањето на платформата од Тирана.
Оваа вечер повторно ќе грми Прилеп од патриотски песни, а декор повторно ќе биде македонското знаме.
Вечерва во 19 часот, пред споменикот “Прилепски бранители” колоната ќе ја предводат поранешните градоначници.
