Почитувани прилепчани, верници и драги родители, храмот „Св. Петка“ во населбата Точила во Прилеп, ве поканува на божиќните богослужби и со задоволство ве известува дека секое дете кое лично ќе присуствува на Божиќната света Литургија (сабота со почеток во 8.30), по завршувањето на богослужбата ќе добие Библија за млади читатели!
Советуваме децата и да се причестат. Во однос на подготовката за причест, според учењето на Црквата се препорачува децата од мали нозе да се учат на пост но, во случајов, барем последните неколку дена пред Божик.
Ова не е задолжително за децата до седумгодишна возраст. Убаво би било но, не мора да постат ниту, пак, некој друг треба да пости за нив.
За повозрасните деца се препорачува, поучно, да постат (пост на масло) како што рековме, барем последните два-три дена пред Божик. Утрото пред богослужбата младите треба да бидат гладни и жедни, освен бебињата до едногодишна возраст.
в.д.старршина на храм Св. Петка
Протоереј Љупче Петрески