Бесплатни претстави по повод Светскиот ден на театарот за деца

 

Kako se stanuva car

Театарот,,Војдан Чернодрински,, во недела 20.3.2016 ќе ја израдува најмладата публикa во Прилеп. Бесплатно ќе бидат прикажи две претстави за деца по повод Светскиот ден на театарот за деца. Од 12 часот децата ќе можат да ја проследат претставата,, Како се станува цар,, во режија на Кирил Петрески. Станува збор за приказна сместена во малиот свет на инсектите на царот Дувниветре, преку која се пренесува потребата од човечки вредности – љубов, другарство, дарежливост, искреност. Во претставата играат: Најдо Тодески, Виолета Чакарова, Зоран Иваноски, Марија Спиркоска – Илијоска, Наташа Наумоска, Ангела Наумоска, Димитар Георгиевски и Михајло Миленкоски.

Volsebnikot od Oz pred najmladite

Од 17 часот во недела најмладите ќе можат да уживаат во,,Волшебникот од Оз,,, интересната бајка во која се говори за другарството. Претставата е мултимедијална, работена во современ стил, со многу музика, кореографија и актерска  игра. Во претставата играат Марија С.Илијеска, Александар Тодески, Наташа Наумоска, Ангела Наумоска, Димитар Вандески, Илија Волчески, Михајло Миленкоски…




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.