Жителите на кичевското село Белица во пресрет на Беличките средби што ќе се одржат викендов се подновија со ново шеснаесеткрако сонце пред селската црква каде ќе се вијат ора и ќе грми тапан.
“Вечно нека сјае сонцето кое е симбол на сите Македонци од целиот свет. Татко и син кои од мали нозе се вистински уметници со дрво, а синот со сликарство денес го довршија нивното дело и ветен дар во пресрет на Беличките средби кои се закажани и ќе се одржат овој викенд. Господ да ги благослови сите кои му мислат добро на нашето село и на нашиот македонски народ. Вечно да живее духот на слободните уметници”, пишува на Фејсбук страната “BELICA – БЕЛИЦА”.
Како што е најавено Владата од Илинден овој македонски симбол има намера да го забрани за јавна употреба, согласно договорот од Преспа.