По поразот на гостувањето кај Башкими, црвено-белите од Прилеп доживеаја нов неупех на гостувањето кај Беласица во Струмица.
Домаќините поведоа со голот на Стојанов во 5-та минута, а струмичани заминаа со сигурна предност од 2:0 на полувремето со погодокот на Милушев во 38-та минута.
Во вториот дел Победа немаше сили за изненадување, а Беласица стави крај на натпреварот со погодокот на Мичковски во 82-та минута за 3:0.
Прилепчани сепак успеаја да го ублажат поразот преку Амил Табаковиќ кој прецизно стрелаше во 87-та минута.
Победа се наоѓа на 8-та позиција на табелата со 7 освоени бодови, а местата кои водат во повисок ранг веќе изгледаат далечни, иако одиграни се само 5 кола.
На прилепчани во среда им следува дуел од 16-финалната рунда во Купот на Македонија, а ќе гостуваат во Струга кај Јанг тим.
Во следното коло пак од шампионатот во Втората лига, црвено-белите ќе го пречекаат Новаци.