Aлександар Митевски и Драган Спасов Дац го имаат најдобриот карантински хит
-“Корона Чао” е кавер на познатата Bella Ciao, во придружба на “Брастет Скопје”, направен за добра забава.
Верзијата е направена за еден ден, од идеја до реализација, со многу љубов. Спотот е снимен во карантин, во домашни услови на учесниците, без користење на професионални камери и светла.
Снимен на телефони, а исто така, измонтиран од музичката екипа. Оваа песна е дел од серијалот на Дац и Александар и нивните секојдневни “карантински” online настапи на Фејсбук. Уживајте и пејте со нас – напишаа во описот на видеото Дац и Александар.