Беквалац во мини фустан и со длабоко деколте правеше склекови среде емисија (ВИДЕО)

Пејачката Наташа Беквалац за време на гостувањето во „Амиџи шоу“ шоуто на Огњен Амиџиќ, место да одговори на прашањата, реши да ги направи сите предизвици кои водителот и ги постави.

Taa мораше да јаде грозна храна, да се напие некој чуден пијалок, да тверка, а на крајот и да направи неколку склекови.

Пејачката се појави во јавноста во најдобро издание досега и беше видно расположена по подолгата пауза од јавната сцена, што следуваше по низата скандали во нејзиниот приватен живот.

Пејачката важи за една од најсексипилните жени на сцената кај нашиот северен сосед, а тоа го докажуваат и нејзините последни фотографии објавени на Инстаграм.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.