Безвременската “Еден бакнеж” во ново руво и во изведба на Александра Трајческа од Прилеп – нешто што ќе ви го направи денот поубав (ВИДЕО)

Талентираната девојка од Прилеп, Александра Трајческа, која е позната и како придружен вокал на бендот „Crossroad Blues Band“, но и како соло изведувач, и која најпрвин победи на македонското музичко талент шоу „Заблескај“, а потоа и блесна на минатогодишниот „Макфест 2023“, сега на публиката и понуди нешто неодоливо.

Станува збор за прекрасна, романтична изведба на безвременската “Еден бакнеж” од Нина Спирова, една од најизведуваните македонски песни која сега доби ново руво, како да е вчера напишана.

Во аранжман на Васил Ангелов и Иван Митковски, аудио продукција на Studio Loft, песната звучи неверојатно, а Александра освојува со својот глас и излед.

Уживајте во продолжение:




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.