Иако бил гладен, овој 44 годиншен бездомник почувствувал потреба да постапи правилно. Паричникот кој го пронашол бил сопственост на познат дизајнер.
Во паричникот имало околу 500 долари, со кои би можел да си дозволи јадење и сместување за неколку дена. Но сепак овој човек се одлучил да му го врати на сопственикот.
30 годишниот дизајнер Нити Понгкриангос не забележал дека му го нема паричникот, но бил изненаден од постапката на бездомникот.
За доброто дело човекот е награден со апартман во кој ќе живее и со добра работа во фирмата на Нити.