Без возачка дозвола, фиран го направил службениот автомобил од социјално (Видео)

Денеска тука пред Центарот за социјална работа ќе презентираме уште еден скандал во кој се инволвирани партиските послушници вработени од власта на СДСМ. Директорот, Дејан Тошески, кој инаку е кадар на Миле Талески, на јавноста и стана познат по срамното поставување на двојазична табла и пропагирањето на Агенција која се занимава со посредување за вработување на млади луѓе во Германија. Сега истиот тој Дејан Тошески, се обидува да сокрие скандал во кој целосно е уништено возило во сопственост на Центарот за социјална работа – истакна на денешната прес конференција Александар Алексоски од Унијата на млади сили при ОК ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.

Прес конференцијата во целост ја пренесуваме во продолжение:

“Имено, еден од нововработените кои СДСМ и Тошески ги вдомија во оваа институција, пред неколку дена управувајќи без возачка дозвола со возилото марка Мазда, направил сообраќајна незгода кај населеното место Костинци, во општина Долнени.

Во незгодата, за која патем постои и записник направен од полициски службеници, возилото во сопственост на центарот е целосно уништено.

Бараме целосна одговорност за вработениот и за директорот на институцијата.
Тошески мора да поднесе оставка од функцијата, а за неговиот послушник да биде покрената итна дисциплинска постапка и да биде избркан од работното место.

Исто така, Тошески и неговиот послушник веднаш да ја надохнадат штетата и да набават ново возило за центарот со свои средства.

Почитувани,

Ова е само еден случај за тоа какви кадри СДСМ вработуваше во институциите во изминатите 3 години.

Еве какви кадри добиваат плати од буџетот на државата, додека голем број луѓе едвај крпат крај со крај за време на оваа пандемија.

Луѓето кои работат во сверата социјала треба да бидат пример, затоа што секојдневно меѓудругото се соочуваат со најразлични човечки судбини.

Тоа не е случај кога СДСМ вработува, па затоа институциите денеска се преплавени со вакви кадри од кои никој нема корист.

Граѓаните гледаат, слушаат и разумно ќе постапат зад гласачките паравани”.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.