Бајден ќе се бори за втор мандат

Американскиот претседател Џозеф Бајден денеска изјави дека планира следната година повторно да се кандидира за таа функција, но дека се уште не е подготвен официјално да објави.

„Планирам да се кандидирам… но сè уште не сме подготвени да го објавиме тоа“, рече Бајден во интервјуто за емисијата „Today“ на NBC.

Бајден рече дека има намера да биде демократски кандидат во 2024 година и тоа најверојатно ќе биде повторно во тандем со Камала Харис.

Највисоките советници на Белата куќа треба да донесат конечни одлуки за започнување на кампањата за реизбор на Бајден, објави NBC News, повикувајќи се на неколку неидентификувани извори.

Се тврди дека одлуката е веќе донесена, но претседателот ќе објави во последен момент, со цел да се ослободи од притисокот кој би следел во наредните неколку месеци, пренесува Ројтерс.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.