Новиот американски претседател Џо Бајден денес изјави дека како прв приоритет ќе биде формирање на комисија од 12 членови, која ќе има само една задача – да најде начин како САД ќе се избори со пандемиjaта од kopoнавиpycoт.
Тимот на Бајден за борба против кopoна-kpизата ќе го водат – Вивек Марти, Дејвид Кеслер и Марсела Нуњез-Смит – кои имаат неверојатни достигнувања на полето на виpycoлогијата.
“Нема да се штедам да ја променам моменталната ситуација со кopoнавиpycoт”, рече Бајден.
Кандидатот на Демократската партија за време на кампањата во неколку наврати го критикуваше Доналд Tpaмп поради начинот на кој се справува со kopoнавиpycoт, кој до сега однесе 237.000 животи во САД.