Барсeлона го праќа Нејмар на психолог

Фудбалската федерација на Шпанија ја одреди казната за неспортското однесување на Нејмар на мечот меѓу Барселона и Малага.

nejmar-2-480x270

Бразилскиот напаѓач доби суспензија на три натпревари и нема да може да им помогне на своите соиграчи на големото дерби против Реал Мадрид, кое ќе се одигра наредниот викенд. По оваа одлука Нејмар им се извини на раководството, стручниот штаб и соиграчите и вети дека никогаш нема да му се повтори.

Сепак, како што откриваат шпанските медиуми, Барселона веднаш побарала од својот фудбалер во наредните неколку седмици да го посети клупскиот психолог, кој ќе има задача да му помогне на Нејмар да го смени своето однесување.

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.