Барди: Мајка ми е од Косово, но ќе дадам сè од себе за да победи Македонија

За македонскиот фудбалски репрезентативец Енис Барди натпреварот со Косово од плејофот во Лигата на нациите ќе биде емотивен, но тој порачува дека ќе даде максимум за победа на Македонија што ќе ја доближи до историски пласман на Европско првенство.

„Македонија ми даде шанса уште на 19 години да заиграм за репрезентацијата и затоа многу сум ѝ благодарен. Нè очекува дуел со Косово, кој за мене ќе биде многу емотивен. Мојата мајка е од Косово, јас сум внук на Косово, но на теренот ќе се борам за Македонија и ќе го дадам сè од себе за да победиме. Нашата цел е да се пласираме на Европско првенство, а за таа да се оствари ќе мораме прво да го победиме Косово. Не е само Барди клучот на оваа селекција, тука се и Елмас, Пандев, Алиоски… Ќе биде возбудливо, а се надевам дека нема да има неспортски работи, бидејќи спортот треба да ги обединува луѓето“, изјави Барди за приштинска Т7.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.