Познат истражувач, познавател и вљубеник на меѓимурската пририда, Јосип Хорват Мајзек, пребарувајќи на Гугл ерт останал шокиран од она што го пронашол.
-Подготвувајќи се за својот нов проект за дивите свињи на подрачјето на Меѓимурје, користев Гугл ерт. Одеднаш видов светлечко крвче, го зголемив – кога на сателитската снимка се покажа контура на голем авион (ербас 380 или боинг 747) кој лежи среде шумата, вели Мајзек за емеѓимурје.хр.
Сателитската снимка на Гугл ерт навистина покажува авион среде шума, но за среќа не станува збор за соборен авион или за заборавен, туку за авион во прелет кој бил фатен од сателитот на Гугл во текот на снимањето на теренот за Гугл ерт.
Во скоро време авионот веројатно ќе исчезне од сликата, зашто Гугл двапати месечно ги менува снимките од воздух, но не се менуваат сите снимки одеснаш, туку според актиаелноста на подрачјето, па староста на сликите варира од една до три години.