Бројот на загинати во разорните земјотреси што ги погодија Турција и Сирија надмина 46.000, а од Турција денеска дојде веста дека спасувачите ќе ја продолжат потрагата само во две провинции, додека во сите други е прекината.
Имено, секојдневно сме сведоци на шокантни сцени од овие области кои беа целосно уништени од земјотресите, а она што го заинтригира целиот свет беа балоните кои се поставени на урнатините во Хатај.
Многу луѓе се прашуваа зошто на урнатините има црвени, сини и розови балони.
#TurkeyEarthquake : Red balloons placed in rubble of devastated homes in #Hatay in memory of children who died in the earthquake #depremhatay pic.twitter.com/XkZZuwiVT6
— sebastian usher (@sebusher) February 19, 2023
Како што јавува Би-Би-Си, овие балони биле обесени во спомен на децата загинати во разорните земјотреси, а биле поставени од волонтери од Турција.
Имено, волонтери предводени од фотографот Огун Норт Окура, кои се членови на детската асоцијација Огун Аби, се искачиле на урнатините во Хатај и прикачиле балони на металните жици кои штрчат од купот отпад.
Тие првично ги идентификуваат локациите каде загинале децата, а потоа оставаат балони на влезовите во урнатините.
„Секој балон што го гледате овде претставува дете кое починало“, изјави за турските медиуми основачот на ова здружение, фотографот Огун Север Окур.
Colorful balloons were placed on the rubbles for the children who lost their lives in the #earthquake in #Hatay.#TurkeyEarthquake #TurkeyQuake pic.twitter.com/f2n5Cbcsr7
— Demiroren News Agency English (@dhaenglish) February 19, 2023
Како што наведува Окур, тие сакаат да испорачаат балони низ целиот Хатај.
„Се трудиме да го зачуваме споменот на децата кои ги загубија животите. Посакувам да ги ставевме овие балони во рацете на децата. За жал, ги загубивме нашите деца. Ова беше градинка и во зградата живееја многу деца. Каде и да допревме, каде што живееја деца, размислуваме да ги закачиме овие балони“, изјави тој за турските медиуми, според Хуриет.