Витаминка преку својот бренд Цевитана, со гордост го поддржа Балканското првенство во џудо за помлади пионери и пионерки, што се одржа во Битола.
На првенството, во организација на Џудо федерацијата на Македонија, учествуваа деца на возраст до 13 години од единаесет држави: Албанија, Бугарија, Грција, Романија, Молдавија, Кипар, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Косово, Турција и Македонија.
Пред почетокот на натпреварот учесниците беа поздравени од претседателот на Џудо федерацијата на Македонија, Владимир Трпаноски, кој посакувајќи им среќа, успех и добри резултати на натпреварувачите, истакна дека е горд што ова првенство прерасна во традиција и сега е едно од обележјата на спортски план, во државата.
Талентираните млади спортисти од целиот регион, истакнувајќи го својот труд и спортски дух, блеснаа на меѓународната сцена и ги оправдаа напорните тренинзи и личните вложувања во текот на изминатата година.
За Витаминка, од големо значење е можноста да биде дел од нивниот пат кон успехот и затоа Цевитана ќе продолжи и во иднина да ги поддржува младите таленти, да инвестира во спортот и да се залага за потенцијалот на секое дете.