Борбата за старателство на Северина, наводно, ја инспирирала да сними песна за својот син, но тоа ѝ донесе уште неколку правни проблеми.
Таа ја преработила песната „Успаванка за дечака“ на Балашевиќ, но за тоа не побарала дозвола. По тој повод, Балашевиќ се обрати до Северина, но и до јавноста, преку профилот на Фејсбук на својата ќерка Јелена:
-Како млад, прочитав сè од Хемингвеј. Приказната за старецот и морето ме умори, но подоцна ја сфатив, кога го гледав филмот снимен по книгата, со Спенсер Трејси. Не беше којзнае што да се гледа црно-бел филм за океанот, но од таму ја научив најважната лекција за уништувањето.“
Во продолжението на своето обраќање, Балашевиќ го спомнува неговиот син Алекса.
-Алекса се роди 1995 година. Старата куќа се рушеше тоа лето и Оља со него и нашите ќерки мораше преку ноќ да си отиде од под покривот кој протекуваше. Во тие темели ја изградив ‘Успаванка за дечака’. За мојата единствена љубов, наместо рози од ползавецот врз кој се урна чардакот. За неа и малиот Алекса, за Лола и за Беба. За нашите три лавчиња.
Не знам дали во некој хороскоп постои година на крадци?“, пишува Балашевиќ, спомнувајќи ги оние кои без срам препејувале негови песни и се нарекувале себе „трибјут“.
-И додека го пишувам ова сигурно некој веќе изведува некоја моја песна, но за среќа публиката го разликува вистинскиот Балашевиќ од оние кинеските. Но, со ‘Успаванка’ е нешто сосема друго…
Целата статија прочитајте ја ТУКА