Баерн купува од Јувентус: Спортскиот директор Салихамиџиќ ја носи ѕвездата на Јуве

Хасан Салихамиџиќ, поранешен фудбалер на Јуве и репрезентативец на БиХ, а сега спортски директор на Баерн Минхен, ова лето во редовите на баварскиот гигант ќе се обиде да го донесе Марио Манџукиќ.

Оваа информација ја објави угледниот весник “Билд”, нагласувајќи дека популарниот Бразо веќе стапил во контакт и преговарал со менаџерот на хравтскиот напаѓач.

“Билд” открива дека Манџукиќ во Баерн би можел да го замени Роберт Левандовски, но исто така би можел да биде решение за испразнетата крилна позиција. Ниту втората опција не би требало да биде проблем за Хрватот, со оглед на тоа дека веќе подолго време одлично се снајдува покрај аут линијата, но и во дефанзивата.

Германците истакнуваат дека Манџукиќ неодамна потпишал нов договор со Јувентус, каде има врвен статус, но дека заминувањето на тренерот Макс Алегри е радикална промена. Новиот тренер Маурицио Сари го отпишал Марио, а за него е заинтересиран и вториот германски гигант, Борусија Дортмунд.

Манџукиќ во минатото веќе настапуваше за Баерн, а ги бранеше и боите на Волфсбург.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.