БАГЕРОТ ПОБЕДА РУШИ СЕ ПРЕД СЕБЕ – НАПЛАТЕН ДОЛГОТ И НА ГОСТИВАР

12998360_10209266953094839_4126268449862433283_o

Ново блескаво издание на црвено-белите момчиња. На стадионот Кукуш во Турново вчера, фудбалерите на Победа во последниот натпревар како домаќини надвор од Прилеп, го збришаа Гостивар со убедливи 3-0. Така наплатено му е на уште еден од нашите должници во текот на првенството, а листата на тие кои што си ги платија долговите е скусена на уште двајца противници….Но, за нив кога ќе дојдат на ред за наплата…. Попладнево далеку од Прилеп беше вистинско задоволство и гордост да си дел од експедицијата на Победа во Турново. Не само заради победата, заради петтиот во низата триумфи, туку заради односот на самите играчи кон своите обврски, кон клупските бои, кон иснтитуцијата која ја преставуваат – ФК ПОБЕДА.

13002342_10209266955974911_1594754997126003234_o

12991032_10209266954174866_3823748779404721955_n

Во сите 90 минути на одличниот терен во Турново го сомлеа противникот. Гостиварци беа како грогиран боксер. Треба и мора да бидат презадоволни што во мрежата на ветеранот Петровски завршија само 3 топки, можеше лесно да пукне петарда, но и вака е добро, одлично, 3 гола, за 3 бода. Трите бода значат конечно, самостојно запоседнување на лидерската позиција на табелата во Втората лига. Блескавата пролет на Победа со тоа продолжува. Ако есеноска на 14 кола беа освоени 19 бодови, сега исто толку 19 бодови се освоени во 9 кола, од кои во тек е серијата од 5 последователни победи. Серија која никој и не помислува дека ќе прекине. Следен на ред е фенерџијата Кожув, в сабота во Миравци.

13015423_10209266957294944_690093816399083663_n

13012852_10209266952454823_7679083195848310650_n

13012852_10209266955494899_89721544429749456_n

По топло-ладно играта есеноска, тренерот Дарко Крстески апелираше на далеку поголема мобилност, да се проба да се врзат 2, па 3, се врзаа 4, а денес и пет победи во низа.  Тоа ќе продолжи сигурно. Црвено-белите пукаат од самодоверба, играат своја препознатлива игра, ги газат противниците, без притоа да им дадат и малку шанса или лажна надеж. Браво момци, но нема место за еуфорија, цврсто со двете нозе на земја. Оваа серија од 5 победи ве доведе на чело на табелата и сега треба да се издржи до крај. Во спортот важи правилото: “Полесно е да стигнеш на врвот, отколку да останеш на највисоката позиција”.

13029561_10209266958734980_7728753198414089680_o

Сега сите ќе се стремат на лидерското место. Со своите игри пролетва лидерското место го заслуживте, а во него се вградија сите избраници на стручниот штаб, клупскиот менаџмент на чело со Претседателот Гоце Ингилизов и Спортскиот директор Јовица Обрадовиќ и секако спонзорите со условите кои ги обезбедуваат. Но, како одминува времето обврските се и ќе бидат поголеми. Но чекор по чекор следен на дневен ред е фенерџијата Кожуф. Иако одамна отпишан никој и не смее да помисли дека Кожуф ќе биде лесен противник, затоа што во спортот нема лесни противници, а најтешки се оние натпревари за кои ќе се помисли дека однапред се добиени. Со ладни глави, без еуфорија, со ист пристап да се влезе и во овој натпревар, со максимална сериозност и желба да се освојат нови 3 бода и потоа да се дочека премиерниот натпревар оваа 2016-тта година со Љубанци, на 30-тти април, на Градскиот стадион ,,Гоце Делчев, Патот кон Првата лига е отворен, трасиран, треба да се остане на овој колосек, на овој вистински правец и со Божја помош, но и верба во себе, со СРЦЕ НА ТЕРЕН, на 14-тти мај цел Прилеп да го слави враќањето во елитата.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.