Баба уапсена поради цртање на графити

Screenshot_16-640x400

Швајцарска група пацифисти соопштија дека 86-годишна старица е уапсена во Берн поради испишување на графити.

Бабата со спреј испишувала графити на Швајцарската национална банка, што било дел од кампањата за повлекување на државното финансирање на продавачите на оружје. Политичкиот секретар на “Групата за Швајцарија без оружје” Јунис Муса, истакна дека Луис Шнајдер е пуштена неповрдена по апсењето во Берн.

Таа е уапсена за време на демонстрацијата во која се бара државата да не се меша во договорите за вооружување.

Ф.Г.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.