Сагибат Исламагодомедова (60) од Русија со лопата утепа над 80 змии кои ги пронашла во својот двор. Имено, жената сакала да посади компири во својата градина кога ги здогледала многуте рептили.
Жената била многу храбра, па решила да се пресмета со овие животи, и во тоа била многу успешна.
-Во почетокот видов само десетина змии, па ги убив. Меѓутоа по некое време ги имаше се повеќе и повеќе, вели таа.
Нејзиниот подвиг стигна во јавноста, па жената доби многу пофалби на интернет. Исто така некои сметаа дека треба да добие „ловџиски трофеј“ поради толку убиени змии.
– Тие не се закана за луѓето, добри се за околината и јадат глодари – рекоа за медиумите локални еколози кои планираат да спроведат некој вид на обука за да се спречи непотребното убивање на безопасните змии.