Баба од Берово се заканувала на цело училиште зошто внукот и го преместиле во друго одделение. 51-годишната Б.Д. на 24 јануари, преку телефонски пораки се заканувала на претпоставени во училиштето каде што учи нејзиниот внук.
Полицијата информира дека таа била изреволтирана поради тоа што од страна на одделенскиот и наставничкиот совет во училиштето била донесена одлука нејзиниот внук да биде преместен од едно во друго одделение.