Баба наоѓала љубовници преку оглас, ги дрогирала и ги ограбувала

Пензионерка беше изведена пред суд во Полска под обвинение дека ги дрогирала и ги ограбувала осамените врсници преку љубовни огласи, пишува „Би-Би-Си“.

 

dedovci

Осумдесетгодишната бабичка ставала таблети за спиење во храната на 79-годишниот старец и додека тој спиел му ги украла сите пари и скапоцености.

Претходно истата жена девет пати била осудена за кражба и за измама.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.