Mирните протести во Прилеп продолжуваат и денес, во исто време, 18 часот пред хотел “Липа”.
Масовните протести кои веќе трета недела се одвиваат во градот херој, секојдневно се зголемуваат и добиваат поддршка од сите страни.
Актери, професори, уметници, доктори, млади и стари, секојдневно во огромен број маршираат низ градските улици, извикувајќи го државното име и веејќи македонски знамиња.
Вечерва со прилепчани ќе биди и универзитетскиот професор по историја Виолета Ачкоска, која ќе ги предводи илјадниците прилепчани, обединети кон истата идеја “Заедничка Македонија”.
На протестите одново ќе се приклучат земјоделците од сите населени места со својата механизација.
Додека пак граѓаните протестираат и се спротивставуваат на урнисувањето на државата и прифаќањето на “албанската платформа” oд страна на СДСМ и Зоран Заев, на социјалните мрежи се појави и една ваква порака:
ЕВЕ ШТО МИСЛАТ ПОДДРЖУВАЧИТЕ НА СЕЉА И УЧК од Прилеп за земјоделците, кои поради СДСМ нема да земат субвенции….