АРХЕОЛОШКИ ОТКРИТИЈА КАЈ ПРИЛЕП: Археолозите заклучиле дека пред 7 800 години, кога немало загадување и хемија, луѓето се хранеле здраво!

Нови артефакти и сознанија донесоа годинашните истражувања на неолитскиот локалитет Врбјанска Чука кај Прилеп. Според македонските археолози и стручњаците од Европа, локалитетот кој датира од пред 8 000 години, со траги на живот од антиката и од средновековието, донесе нови сознанија и се сместува во еден од позначајните во земјава и ретките од тој период во Европа – пренесува “ТВ СИТЕЛ”.

Како што објаснува доц. д-р Гоце Наумов од Музејот на Македонија, новите сознанија потврдија дека нашите предци, кои биле меѓу првите земјоделци во Пелагонија, живееле интензивно, граделе повеќеслојни куќи, користеле пченица, јачмен, леќа, грашок и експериментирале со диви плодови во исхраната. Откриени се 11 економски објекти и 30-ина мелници за жито, нови шест скелети од преку вкупно 20 од средновековието кога било некропола и редок жртвеник-масичка со остатоци од животински коски.

Целиот текст прочитајте го ТУКА




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.