Владата безрезервно и без калкулации, финансиски да ги поддржи малите и средни претпријатија затоа што тие имаат резерви за опстанок имаат само за еден месец, смета претседателката на Сојузот на стопански комори на Македонија, Даниела Арсовска.
Таа во емисијата „Економски магазин“ на “АЛСАТ-М” појасни дека малите и средни претпријатија се многу задолжени и поради тоа власта треба да застане позади нив и да ги помогне финански со цел да ја преживеат економската криза во која се наоѓаат во моментот.
Важно е да се справиме со здравствената криза, меѓутоа сега во овој момент, поважно во овој момент безрезевно да им се помогне на стопанството. Да не се калкулира. Да им се излезе во пресрет, да им се влее доверба и да вложат дололнително и од своите напори и средства затоа што глобалните и нашите статистики покажуваат дека малите и средни претпријатија имаат резерви за опстојување само за не повеќе од 30 дена. Затоа што тие се задолжени и треба везрезервно да им се помогне и да им се влее надеж дека ќе следи сигурен период и дека ќе можат да работат, дека има некој кој што стои позади она што се вика нивна економска поддршка, односно финансиска помош, рече Арсовска.
Таа додаде дека првиот квартал, Македонија го заврши со 0,2% раст на економијата иако кризата ја зафати втората половина од месец март, додавајќи дека податоците од вторииот квартал, во кој голем дел од дејностите беа затворени, ќе бидат ужасни. Поради тоа, апелира Ангеловска, потребни се по храбри чекори за финасиска поддршка од страна на Владата со цел да се спречи, македонската економија, да оди во таа насока.
Доколку ги видите кои се резултатите од она што го добивме официјално од Заводот за статистика, кој што укажува на тоа дека во првиот квартал имавме 0,2% раст на економијата кој што нешто што е навистина загрижувачки, имајќи во предвид дека ние, со првиот удар на ова кој што се случува сега, се судривме во втората половина на месец март. Кога беа затворени, со уредба, дел од дејностите. Сметајте какви ќе бидат резултатите од овој квартал кој што ќе ги видиме, а веќе завлеговме во третиот квартал од 2020 година. Јас верувам дека ќе бидат навистина, сите ужаснати од она кој што ќе го видиме како резултат и затоа апелирам дека треба да се превземат храбри одлучни чекори со цел да не се дозволи да одиме во таа насока, истакна Ангеловска.