„Спаси живот, држи растојание“ е мотото во видеото на Армијата, снимено во Прилеп и Куманово, каде нејзини припадници се распоредени и помагаат во одржувањето на редот и спроведувањето на мерките на Владата во борбата против коронавирусот.
„Почитувајте ги препораките за одржување безбедно растојание, дајте го вашиот придонес во спречување на ширењето на вирусот Ковид-19″. Армијата е секогаш со вас. Да спасиме животи заедно.“ – се вели во статусот на Армијата на Фејсбук.