Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, е во постојан контакт со сите безбедносни институции во Република Македонија, со Министерството за внатрешни работи, Министерството за одбрана, Министерството за надворешни работи и со Армијата на Република Македонија и превзема мерки за превенирање на заканите и ризиците по синоќешниот обид за пуч во Турција.
Кризниот менаџмент на Република Македонија ги следи состојбите во сите држави од регионот кои се соочуваат со безбедносни закани и мигрантската и бегалска криза.
По добивањето на податоците за намерите на вршење на воен пуч во Република Турција, Армијата на Република Македонија презема низа мерки и активности за заштита на државната граница.
Денеска се одржува состанок на групата за проценка за анализа на безбедносната состојба, велат од кабинетот на претседателот.