Најтипичен пример за предавство на сопствената држава и нација е револуционерниот мачизам на македонската герила, алијас водачите на македонската политичка опозиција. Обидувајќи сè да ги игнорираат своите недостатоци, водачите на македонската политичка опозиција двоецот Заев-Шеќеринска со тајфата, низ очајната потреба да создадат општествена инерција за рушење на владата, артикулираа злобно сценарио за освојување на власта преку распродажба и растурање на македонскиот идентитет и интегритет.
Без срам, со максимален степен на безобразие кон сопствената држава, тој, Заев, перчејќи се пред албанските гастербајтери во Швајцарија ја отвори пандорината кутија за Македонија. Занесен во својата глупавост со тезата за одење понатаму од рамковниот договор со двојазичност за Македонија, меѓудругото, не заборави да ја обвини сопствената нација дека е виновна за сите проблеми што ги создадоа некои странски држави. Велејќи дека, „ако имаме проблеми со сите тогаш ние македонците сме виновни за сè“, всушност, не прогласи нас македонците дека сме виновни што Грција има сопствен проблем со нашето име…дека сме виновни за непризнанието за постоење македонска нација од страна на Бугарија…дека сме виновни за непризнавањето на посебниот ентитет на Македонската православна црква од страна на СПЦ… дека сме виновни за непризнавањето на македонското малцинство што живее во Грција и Албанија од страна на нивните влади и.т.н. Се прашувам, зошто не ги собра македонците што живеат во Швајцарија и нив да им ги презентираше овие предавнички изјави? Зошто, овие предавнички изјави за сопствената држава и нација ги артикулира преку албанските гастербајтери од Косово и Албанија што работат во Швајцарија? Да не заговара со нив граѓанска војна во македонија само заради да лови во матно??? Да го потсетиме глупавиот дека во 2001г паднаа многу жртви заради тезата за двојазичност и федерализација на македонската држава што тогаш ја заговараа милитантните албанци.
Да не бидеме наивни, и прислушкуваните разговори на владините функционери со монтажа за нивно омаловажување во јавноста, и терористичката активност во кумановско диво насеље, и „лудистичкото движење“ наречено шарена револуција, и последната активност на Заев за двојазичност на македонската држава, не беа некои спонтани организирања за задоволување на потребите на граѓаните. Тие беа наменети за да го скршат промакедонскиот дух на нашата влада, но и на сите хумани луѓе кои што сакаат да работат за доброто на македонската држава и нација. Притоа, на овие конспирации, може да се гледа како на организиран таен заговор за насилно преземање на контролата врз македонската држава.
Да биде проблемот уште поголем, наместо поширокото раководство на СДСМ и раководствата на нивните коалициони партнери енергично да се спротивстват на предавничката активност на Заев, тие, ја одобрија со самото тоа што и натаму едноставно го следат “водството “ на „слепиот водач“. Преголемата желба за власт на овие прдловци од политичари(ќе извините за изразов, ама немам понаучен назив за нив), ги заслепи за да ги игнорираат сите докази за предавничката улога на Заев со неговата тајфа инсталирана во СДСМ. Не дека „не знаеја што прават“, туку едноставно ги игнорираа сите укажувања од научната, политичката и граѓанската јавност за асоцијалното дејствување на Заев и тајфата. Дури, непримерно ги напаѓаа и активностите на невладиното граѓанско движење за одбрана на Македонија(ГДОМ) кое што прво од страна на граѓанската јавност го препозна, предупреди и енергично се спротивстави на ова велепредавство на Заев и неговата тајфа инсталирана во СДСМ.
За жал и некои домашни медиуми наседнаа на овој таен заговор за поништување на интегритетот на македонската држава и нација. Притоа, подгреваа емотивни крвопролевања меѓу македонските граѓани со тоа што правеа конструкции на случаи од лаги и полувистини.
Сето тоа, свесно или несвесно, „рамо уз рамо“ со надворешните конспиративци го правеа само за гола власт или/и „една рака долари“. Но, како и да è едно е сигурно, улогата на домашните поддржувачи на предавството на Заев и неговата тајфа во СДСМ è подеструктивна за македонската држава и нација, отколку било која конспирација на надворешните грабливци на македонскиот идентитет и интегритет.
Конечно, сакам да предупредам на еден посебен аспект од борбата за власт на елитата на политичката опозиција. Борејќи се за власт, случајно, свесно или несвесно, да не станале за својата држава и нација „вистински дух на невистината“? Ова го актуелизира прашањето за значењето на оваа синтагма „вистински дух на невистината“ за својата држава и нација. Да не е тоа принципот на функционирање на сатаната во кој што се вплеткала елитата на СДСМ со својот однос кон сопстевната држава и нација?
Д-р Зоран Петрески
Авторот на текстот е доктор на науки по јавна администрација