Аплицирајте! Општина Прилеп го објави повикот за финансирање на здруженија и спортски клубови

Општина Прилеп објави Јавен повик за прибирање барања за распределба на финансиски средства од Буџетот на општината за 2026 година, наменет за спортски клубови, здруженија и фондации кои реализираат активности од јавен и општествен интерес.

Целта на повикот е да се поттикне развојот на спортот, граѓанскиот активизам и учеството на граѓаните во едукативни, културни и општествени активности на локално ниво, како и да се подобри квалитетот на живот во заедницата.

Право на учество имаат регистрирани спортски клубови, како и здруженија и фондации кои работат во интерес на граѓаните и придонесуваат за развојот на Општина Прилеп.

Заинтересираните субјекти можат да аплицираат со пополнување на соодветните формулари, кои се достапни на официјалната веб-страница на Општина Прилеп, заедно со целосниот текст на јавниот повик и правилникот со критериуми за распределба на средствата.

Апликациите треба да содржат детално образложение на проектите или програмите, како и целосна и уредна документација, согласно условите наведени во повикот.

Од Општина Прилеп информираат дека распределбата на средствата ќе се врши транспарентно, врз основа на утврдени критериуми, при што поддржаните активности треба да имаат директен и мерлив позитивен ефект врз локалната заедница.

Роковите за поднесување на апликациите и сите дополнителни информации се објавени TУКА




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.