Антонио Крајоски од Прилеп го освои второто место на Државното првенство во американски билјард – дисциплина 9-ка (Фото)

Вчера во просториите на “Гран клуб” во Скопје, за прв пат во Македонија се одржа јуниорско Државно првенство во американски билјард – дисциплина 9-ка.

На првенството учествуваа јуниори од цела Македонија, а од Прилеп претставник беше Антонио Крајоски. Тој покажа врвна игра и се закити со сребрениот медал, откако во финалето го изгуби мечот од Андреј Ѓурчиновски од Скопје.

-Ова треба да биде уште еден поттик за сите млади од Прилеп да почнат да се занимаваат со овој спорт, со цел билјардот во нашиот град да се развива на едно повисоко ниво. Билјардот не е повеќе само “комарџиски” спорт, туку прерасна во еден врвен спорт насекаде во светот, па и кај нас. Честитки за Антонио Крајоски за освоеното второ место, велат во соопштението од прилепскиот билјард клуб.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.