Анкетите одлучија за Градоначалник на Скопје, така ќе биде и за Прилеп

Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ одлучи Орце Ѓорѓиевски да биде кандидат за градоначалник на Градот Скопје од ВМРО-ДПМНЕ.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на прес-конференција соопшти дека ИК на ВМРО-ДПМНЕ одлучи токму актуелниот градоначалник на Кисела Вода, да биде нивен кадидат за градоначалник на Град Скопје на престојните локални избори.

Мицкоски рече дека Ѓорѓиевски на анкетите води пред сите имиња кои се споменуваат од опозицискиот блок.

„Скопје заслужува енергија, визија и човек кој знае како се води општина. Ѓорѓиевски покажа дека знае како да направи резултати и сега е време таа посветеност да ја пренесе на ниво на главниот град,“ изјави Мицкоски.

Mицкоски потенцираше дека на сите направени анкети Ѓорѓиевски неколкукратно отскокнувал со поддршка во однос на останатите претенденти за најважната градоначалничка функција.

СДСМ сè уште го нема објавено името на нивниот кандидат за градоначалник на Скопје.

Локалните избори ќе се одржат во октомври.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.