Анкета: Повеќе од половина од граѓаните не ја одобруваат работата на Владата

Повеќе од половина од граѓаните или 51,3 проценти не ја одобруваат работата на Владата, наспроти 43,8 проценти кои ја одобруваат, покажува истражувањето за ставовите и довербата на граѓаните за работата на Владата на Агенцијата за истражување М-Проспект на истекот од 2 години од мандатот.

Најмногу од испитанците 45 проценти ја одобруваат работата на Владата во надворешната политика, наспроти 51 отсто кои не ја одобруваат.

Во однос на економијата и отварањето нови работни места не ја одобруваат работата на владата 37.6 проценти од анкетираните, додека 56 отсто не ја одобруваат.

Во борбата против корупцијата и криминалот работата на Владата не ја одобруваат скоро две третини односно 59.2 проценти од испитаниците а задоволни се 34.9 проценти.

Анкетата е спроведена теренски на примерок од 1.000 испитаници постари од 18 години, на македонски и на албански јазик, во периодот од 15 мај до 7 јуни годинава.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.