АНКЕТА НА ИРИ: Расте довербата во премиерот Груевски

Расте довербата кај граѓаните во премиерот Груевски. Според последната анкета на ИРИ 35% од граѓаните веруваат дека премиерот Груевски треба да биде реизбран. Во споредба со анкетата од јуни, кога 32% од анкетираните сметаа дека Груевски заслужува да биде резибран, во последната анкета на ИРИ, поддршка за реизбор на премиерот даваат 35% граѓани. Се намалува за 3% и бројот на оние кои сметаат дека Груевски не треба да добие нов мандат.

iri

Оваа анкета најавува и потврдување на убедливата разлика во рејтинзите и поддршката меѓу граѓаните што беше измерена при последната анкета на ИРИ во јуни кога ВМРО-ДПМНЕ е со убедливо водство од 23 отсто доверба меѓу граѓаните, наспроти политичкиот опонент СДСМ во кого веруваа само 11 отсто од анкетираните.Тогаш меѓу лидерите на политичките партии премиерот Груевски беше со убедливо најголема доверба. Во него веруваат 18 проценти од анкетираните граѓани, што е за 2,5 пати поголема поддршка во однос на Зоран Заев кој има доверба кај само 7 отсто од народот.

Во најновата анкета на ИРИ се покажува и менување на перцепцијата на граѓаните за квалитетот на животот во. 14% од анкетираните граѓани сметаат дека кавлитетот на животот во земјава се подобрува. Во споредба со последната анкета од јуни годинава, перцепцијата на граѓаните за квалитетот на животот пораснала за 3 процентни поени. Во споредба со анкетите од минатите години, последната анкета на ИРИ покажува дека позитивно на прашањето дали се подобрува квалитетот на живот одговориле најголем број граѓани во последните 5 испитувања на јавното мислење.

Рекордно високо мислење на граѓаните и за намaлувањето на невработеноста. Дури 45% од анкетираните сметаат дека во последната година се намалила невработеноста. Во споредба со минатите анкети, ова е историски највисок процент на граѓани кои сметаат дека невработеноста се намалила во последната година.

Забележан е раст на евроскептицизмот. Речиси секој четврти граѓанин на Македонија е против влез на земјата во ЕУ.72% од анкетираните поддржуваат влез на Македонија во ЕУ што е најниското ниво кое го измерила ИРИ од 2006 година и идентично со анкетите во 2014 година.

Анкетата покажува значително подобрување на општата и генерална слика за државата. Инаку при презентација на бројките и рејтинзите за поддршка на партиите се очекува да се потврди убедливата разлика на поддршката на Груевски и ВМРО-ДПМНЕ во однос на СДСМ.

Оваа анкета на ИРИ се спроведе преку интервјуа лице в лице од 29 септември до 5 октомври 2015, на примерок од 1 106 македонски граѓан. Инаку сите анкети објавени во последните неколку месеци покажуваат раст на довербата во премиерот Груевски и ВМРО-ДПМНЕ.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.