ВМРО-ДПМНЕ има 5 проценти предност пред СДСМ, покажува телефонската анкетата на Институтот за политички истражувања Скопје.
На прашањето „За која партија би гласале доколку следната недела има парламентарни избори“ – 21,2 отсто од граѓаните рекле ВМРО-ДПМНЕ. Втора e СДСМ со 16,2 проценти.
За ниту една партија нема да гласаат 17,3 отсто од испитаниците, а „не знам“ одговориле 12,8 проценти.
Институтот за Политички Истражувања од Скопје (ИПИС) спроведе кратко телефонско истражување во периодот помеѓу 4 и 6 мај 2022 на 1111 полнолетни испитаници на ниво на Република Македонија. Во истражувањето граѓаните ги изразуваа своите ставови за нивната поддршка за политичките партии и политичари, како и за одредени актуелни прашања во моментот.