Анкета на “Детектор”: Eдна четвртина од граѓаните останале без работа, а речиси половина велат дека им се намалиле приходите

Една четвртина од граѓаните велат дека или тие или некој од нивното семејство останале без своето работно место поради корона кризата покажува најновото истражување на јавното мислење кое за „Детектор“ го спроведе Институтот за политички истражувања Скопје.

Според него, 25,8% од анкетираните велат дека или тие или некој од нивното семејство привремено или трајно останале без работа поради корона кризата, додека 67,8% од анкетираните велат дека го немале тој проблем.

14,4% од граѓаните велат дека поради кризата приходите во нивното семејство се намалиле. 47,4% велат дека немаат намалување на семејните приходи, додека 32,4% велат дека донекаде имаат намалување на приходите.

Истражувањето на јавното мислење по нарачка на Детектор телефонски го спроведе Институтот за политички истражувања Скопје врз репрезентативен примерок од 1123 испитаници во периодот од 21 до 24 април со маргина на грешка од плус-минус 3%.

Истражувањата на “Детектор” следете ги на нивната Фејсбук страна, а емисијата гледајте ја на “Сител ТВ” секоја недела по вестите во 16 часот.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.