Македонската пејачка и виолинистка Андријана Јаневска ќе ја претставува нашата држава во проект за Гинисовата книга.
Јаневска се пофали на својот Фејсбук-профил за престижниот проект.
„Чест ми е да Ви соопштам дека ќе ја претставувам Македонија во проект за Гинисовата книга на рекорди! Станува збор за песна со најмногу пејачи на светот со наслов „One Human“ чиј автор е американскиот композитор и продуцент Graham Czach. Мој единствен услов за учество беше да пишува дека ја претставувам Република Македонија. Денес го потпишав договорот и следната седмица ќе ја снимам песната“, напиша пејачката.