Нема ништо подобро од тоа детето да порасне заедно со домашниот миленик. Детето учи како да биде одговорно, како да прими и да пружи љубов. Ако не верувате, ова е доказ.
Ова се Лук Нутал (7) и неговото куче Џедај. Џедај го спасил животот на својот пријател.
Кога имал само 2 години, на Лук му е дијагностициран дијабетес.
– Немаме ниту еден член на семејството кој боледува од дијабетес. Никој од нас не знаеше ништо за оваа болест, вели мајката на Лук.
Така Лук доби миленик, куче кое е наменето за работа со дијабетичари. На 11 месеци Џедај започнал со тренинзи како би можел да намириса кога шеќерот во крвта на својот сопственик е низок.
Токму тој забележал дека со Лук нешто не е во ред и потоа ја разбудил неговата мајка Дори. Кога Дори го проверила нивото на крвта, видела дека глукозата е на загрижувачко ниско ниво.
– Лук и јас бевме во иста соба, а сепак немаше да му помогнам ако не беше тука Џедај.
Ф.Г.