На 05 септември на летната сцена во комплексот Голд Фелициа во Битола, концерт ќе одржат популарните пејачи од Србија, Ана Бекута и Мирослав Илиќ. Како што најавуваат од Голд Фелиција, интересот за овој концерт е голем, па повикуваат на време да се регистрираат резервациите преку нивните социјални мрежи.
Ана Бекута, родена е како Нада Полиќ во Прибој каде што го завршила и гимназиското образование. Како девојче пеела во училишниот хор и во културно-уметничко друштво. Првите музички ангажмани ги добива во 1980 година, почнувајќи да настапува по ресторани и хотели ширум тогашната Југославија.
Уметничкото име Ана Бекута го зела во 1985 година по предлог на Предраг Вуковиќ Вукас, бидејќи тогаш имало повеќе пејачки кои пееле народна музика со име Нада, како (Нада Топчагиќ, Нада Мамула, Нада Кнежевиќ, Нада Обриќ).
Во 1985 година го снима својот дебитански албум за ПГП-РТБ со име „Ти си мене варао“, во кој албум се наоѓа еден од нејзините најголеми хитови, “Не сум родена да живеам сама”. До сега снимила 18 албуми.
Мирослав Илиќ е познат е по моќниот вокал и емотивните стихови. Пред да стане музичар, посетувал курсеви за електротехника на Универзитетот во Скопје. Со 25 албуми, тој е еден од најпродаваните изведувачи во историјата на српската музика.
Работел заедно со неколку популарни југословенски музичари како Лепа Брена . Во последно време, тој зборуваше против новата генерација српски спотови, тврдејќи дека музичките спотови стануваат се повеќе сексуално сугестивни и несоодветни за општата публика.
На концертот ќе бидат спроведени предвидените протоколи донесени од Владата за влез во угостителски објекти.