Американски новинари го тестираа Југото и открија дали е најлош автомобил во светот- нивниот заклучок ги изненади Југословените

Југото кое беше некогашна гордост на југословенската автомобилска индустрија на западот од секогаш важело за едно од петте најлоши автомобили на сите времиња, а често се наоѓаше и на првото место.

Сепак новинарите на американскиот сајт за автомобили „Јалопник“ решија да проверат дали навистина е така.

За да лично се уверат во карактеристиките на Југото, новинарите тестираа едно возило кое е старо повеќе од 30 години.

Новинарите велат и дека поради ниската цена сопствениците често го запуштале овој вид на автомобил.

Тие на крајот сепак заклучија дека Југото сепак не е кој знае каков автомобил, но сепак не е најлош во историјата.

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.