Американски вoeни “ѕвepoви” наречени летечки тврдини прелетаа преку Скопје – Еве за што се работи (Видео)

Пред околу еден час над Скопје американски воени авиони го прелетаа нашето небо – објави “КУРИР”.

Станува збор за воздухопловните сили на САД во Европа и Африка кои денеска во 14:35 часот извршија прелети над Скопје со два воени воздухоплови од типот Б52.

Прелетите на воздухопловите, како што информираа утрово од Министерството за одбрана го демонстрираа силното сојузништво на НАТО и претставуваат гарант за целата Евроатланска област, вклучувајќи ја и Северна Македонија.

-Со цел да ја прикажат посветеноста и гаранцијата на сигурноста кон балканските сојузници и партнери на НАТО, Воздухопловните сили на САД во текот на денот освен над македонското небо ќе извршат прелети и над Хрватска, Црна Гора и Албанија, појаснија од МО утрово.

Инаку Б-52 се американски стратешки бомбардери кои за првпат полетале пред точно 7 децении, во април 1952. Го носат прекарот летечки тврдини бидејќи се опремени со големо количество бомби и повеќе митралески позиции за одбрана од други авиони-ловци.

Боинг ги произведувал до 1966-та и за американската армија произвел вкупно 744, од кои сега се активни 58, а дополнителни 30 бомбардери се во резерва или се складирани. Авионот го управува 5 член екипаж, а во минатото имало и дополнителни 6-до 6 членови на екипажот кои ги активирале бомбите и митралезите.

Со модернизацијата на авионот, позицијата на ткнр. gunner се исфрлени. Б-52 кога е празен тежи над 84 тони, додека максималната дозволена тежина за полетување му е над 220 тони. Разликата во тежината е затоа што може да понесе 31, 5 тон бомби, а резервоарот му собира do 181 илјада литри гориво.

Должината на летечките тврдини е околу 48,5 метри, со распон на крилјата од 56,4 метри. Летаат на висина до 15 илјади метри. Еден авион чини 84 милиони долари, иако годишно се трошат дополнителни неколку милиони долари за одржување и ремонти на преостанатите бомбардери во составот на американската воена авијација.

Биле употребувани во сите американски интервенции од 1955-та година од кога се во активна служба. На почeтокот до средината на 60-тите години од минатиот век, многу често Б-52 се користел за вежби со нуклеарни боеви глави, а овој тип на авиони има учествувано во 4 авионски несреќи додека летал со нуклеарно оружје.

Во овие „нуклеарни“ несреќи на Б 52 имало десетина загинати, но не се случило најлошото и не било активирано нуклеарното оружје. Последните две се случиле во јануари 1966-та во Шпанија кога експлодирала обична бомба, но нуклераните биле оштетени, додека во несреќа на Гренланд нуклеарките биле оштетени и имало радиоактивно протекување кое било расчистувано цела година. Оттогаш Б 52 не се користи како стратешки авион со нуклеарно вооружување.

Авионот има голема значење и во американската популарна култура, позната е групата со истоимен назив „B 52’s“ од Атина, Џорџија, бенд кој е врсник на многу попознатите нивни сограѓани R.E.M. По името на летечката тврдина е создаден и коктел со основа Ирски Бејлис.

Б 52 не надлетуваат прв пат над Балканот, бидејќи САД ги употреби овие авиони во интервенцијата на НАТО во Србија 1999-тата година при повеќе бомбардирања низ Србија и Косово.

Авионите полетаа од британската база Ферфорд и го надлетаа Скопје во 14 часот и 35 минути.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.