Американската амбасадорка: За независно сyдство не се преговара во одговорна демократија, промени веднаш треба да се направат

„Ние многу вложувавме во обидите да се изградат институции што ќе влеваат доверба во независното судство. Но потребно е време, а луѓето се исфрустрирани поради одолговлекувањето. Затоа сметам дека е важно, да се забрзаат тие реформи, тоа да се надмине“, истакна Кејт Мари Брнз, амбасадор на САД во емисијата „Само интервју“.

Брнз додаде дека потребно е во судството да се направат правилни промени и да се воведат побргу.

„И потоа ќе биде потребно време да се изгради доверба во јавноста во тие институции. Но на крајот на краиштата, слободно и независно судство, независни јавни обвинители се елементите за кои не се преговара во одговорна демократија и се клучните составни делови за долгорочен раст и економска стабилност“, нагласи Брнз.

Брнз нагласи дека овие промени во судството треба што поскоро да се направат.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.