ВАШИНГТОН – Дали американскиот претседател Доналд Трамп ќе и овозможи на јавноста да има увид на неколку илјади владини досиеа кои се однесуваат на убиството на Џон Ф. Кенеди – прашање за кое нема уште долго да се чека одговорот.
Одговорот ќе го добиеме за неколку месеци, а можеби и за неколку недели, пишуваат американски медиуми. Според рокот определен во законот, Трамп има уште неколку месеци да размисли дали ќе го блокира или не обелоденувањето на 3.600 досиеа кои се однесуваат на убиството на Кенеди.
Тие документи се наоѓаат запечатени во Националниот архив. Она што се знае за “документите поврзани со Џ.Ф. Кенеди” доаѓа од ЦИА и ФБИ, а некои документи би можеле да разјаснат дали тие агенции направиле пропусти и дали имало заговор околу убиството на Кенеди.
Неименуваниот човек од Белата куќа, минатата недела за американски портали изјавил дека администрацијата на Трамп соработува со Националниот архив и дека ќе овозможат откривање на документи до истекот на рокот во октомври.
Ф.Г.