Во специјалната емисија на ТВ Пинк за преговорите со Приштина во Вашингтон, министерот за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, откри информации од српската делегација, за тоа како реагирал претседателот Вучиќ кога го видел документот на кој пишува дека треба да го признае Косово.
Министерот за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, изјави дека претседателот Александар Вучиќ во Вашингтон на најбpyтален начин ја одбил точката 10, во која се бара меѓусебното признавање.
Дачиќ потврди дека документот бил на проговарачката маса.
“Од Вашингтон добив информација дека претседателот Вучиќ на бpyтален начин ја одбил оваа точка и дека јасно кажал дека таа за Србија е неприфатлива, како и дека ќе се однесува во согласност со српскиот Устав”, рече Дачиќ за ТВ Пинк.